Трета работилница за одговорност,ефективност и транспарентност во судството

Третата работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството за апелационото подрачје Гостивар во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ на 25-ти и26-ти февруари се одржа во х. Радика во Маврово

Дел од темите кои беа обработени на оваа работилница се однесува на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на работата на судиите и судската администрација според домашните и меѓународните правни рамки, дисциплинската наспроти етичкатаодговорност на судиите, управување со предмети во функција на интероперабилност како и ефикаснатакомуникација во судството.

Предавачите за оваа работилница беа д-р Наташа Габер– Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Лазар Нанев, судија од ОС Кавадарци, проф. д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет ,,Јустинијан Први‘‘ – Скопје и Лидија Таневска – Јадровска, шеф на кабинетот на Претседателот на Врховниот суд и претставник од Здружението на судската администрација.

Оваа работилница се спроведува како дел од проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања восудството“ кој е реализиран заедно од страна на Институтот за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, а истиот се спроведува во соработка со Здружението на судии и Здружение на судска администрација. Цел на проектот е зголемувањето на влијанието на здруженијата на граѓани и професионалните здруженија во судските реформи преку нивно заедничко вклучување вооценувањето на работењето на судството преку ефективна соработка со сите чинители восудството.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирањеи склучување на договори и Британската Амбасада во Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This