Центарот за правни истражувања и анализи заедно со Институтот за човекови права на ден 08.07.2020 година online, ја одржа Третата средба на Советодавната работна група во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘
финансиран од страна на ЕУ и ко-финансиран од Британската амбасада во Скопје.
На состанокот членовите на здруженијата кои работат во правосудството ги споделија наодите во поглед на исполнувањето на реформите предвидени во Стратегијата за реформа во правосудството 2017-2022 година.
Предмет на работа на Советодавната работна група претставува следењето на законите согласно ,,Методологијата за промените во законодавството и нивното влијание во судството‘‘. Во правната рамка предвидена во оваа методологија секоја од организациите следи определен број на закони согласно областа во која работи и ги бележи наодите, кои во текот на проектот ќе послужат за подготвување на документ за препораки.
Присутни на состанокот беа претставници од Центарот за управување со промени, Хелсиншки комитет за човекови права, Здружение за кривично право и криминологија, Коалиција сите за правично судење, МЗМП, Здружение на судската администрација и Институт за европска политика.
Предвидени се вкупно 7 средби од овој формат на Советодавната работна група кои ќе се одржат за времетраењето на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘.