Улогата на Уставните судови во заштитата на животната средина и на правото на здрава животна средина

Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на Проектот за добро управување со животната средина ја изработи анализата Улогата на Уставните судови во заштитата на животната средина и на правото на здрава животна средина.

Анализата на заштитата на индивидуалното право на здрава животна средина се темели врз две основни тези. Прво, уставно-правната формулација за право на здрава животна средина навистина го отежнува остварувањето на правата на граѓаните и општо, заштитата на животната средина и природата. Второ, очигледен е недостатокот на информираност кај граѓаните што директно придонесува кон слабо учество и оневозможен пристап до правдата заради ефикасно остварување и заштита на суштественото право на здрава животна средина.

Преземете ја целата анализа на следниот линк:

Ana
Share
This