Во рамки на проектот ,,Воспоставување аналитички алатки за следење на реформите за поддршка на реформите во правосудниот сектор во Република Северна Македонија” Центарот за правни истражувања и анализи ја подготви Функционалната анализа на основните судови во Република Северна Македонија.
Целта на оваа функционална анализа е да се идентификуваат предизвиците со кои основните судови се справуваат во остварување на судските надлежности и вршењето на судската власт. Анализата ги опфаќа клучните сегменти на работа на судовите, преку призмата на неколку области: независност и непристрасност, ефикасност, транспарентност и отчетност, квалитет на судска пракса, човечки ресурси, просторни капацитети, компјутерска поддршка во основните судови, финансирање на судската власт и родови перспективи.
Анализата можете да ја преземете на следниот линк: