ЦПИА традиционално дел од Охридската летна школа на природното право

Центарот за правни истражувања и анализи, традиционално и оваа година беше дел од Охридската летна школа на природното право организирана од МАНУ. Претставниците од Центарот имаа можност да споделат дел од своите искуства со младите правници кои учествуваа на летната школа.

Никола Јовановски, програмски менаџер со долгогодишно искуство во граѓанскиот сектор и правосудството имаше можност да ги запознае студентите со граѓанскиот придонес во борбата со корупцијата во судството, додека пак Жарко Хаџи Зафиров своето излагање го посвети на границата и борбата помеѓу профитот и правата.

За сам крај, Сара Марковска во својство на програмски асистент имаше можност да зборува за работата на невладиниот сектор, предностите и предизвиците во секојдневната работа. Дополнително со студентите сподели и искуства за пишување проекти, буџетирање и спроведување на активности.

Ana
Share
This