Шеста средба на Советодавната работна група

На ден 20.04.2021 година во рамките на проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ беше остварена 6-тата средба на Советодавната работна група

Оваа претпоследна средба на Советодавната работна група воедно претставува претпоследна средба од вкупно предвидените седум средби организирани од страна на Центарот за правни истражувања и анализи и Институтот за човекови права во однос на следење на промената на дел од законите од правната рамка на Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 година кои се однесуваат на правосудниот сектор.

Со цел да се задржи континуитет на одржување на средбите, јаји и целта и предметот за кој е оформена Советодавната работна група од граѓански здруженија кои работат во областа на правосудството, тема на дискусија овој пат беа:

–  Достигнувањата во имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 година согласно Стратешкиот план 2020-2022

–  Дигитализација во судството

–  Адаптација на процесните закони

–  Моментални состојби во судската администрација, предизвици и препораки

Средбата се одржа на онлајн платформата Zoom, а присутни беа претставници од  Здружението на млади правници на РСМ, Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција сите за правично судење, Институт за европска политика, Здружение за кривично право и криминологија, Центар за управување со промени како и Здружението на судска администрација, кои се соработници во овој проект.

Во делот на достигнувањата во имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството 2017-2022 година се дискутираше заактуелните случувања и најавувањата за опремување на судници во судовите на РСМ со ИКТ опрема која ќе овозможи онлајн судења. Во поглед на овие активности, согласно Стратешкиот план 2020-2022 година предвидено е истите да завршат до крајот на 2021 година, со што може да се каже дека се работи во предвидениот рок.

За оваа цел, потребно е, како што наведоа членовите на работната група, да се направи измена во делови на процесните закони за да може непречено да се остваруваат правата кои е неопходно да бидат во согласност со позитивните законски прописи на РСМ. Во овој дел активни се работните групи за измена на Кривичниот законик на РСМ како и Законот за кривична постапка на РСМ.

За работата на судската администрација, последниоте измени во Законот за судската администрација се направени во 2014-та година, а  оттогаш наваму иако постои иницијатива за измена на законските одредби, и покрај најавите, досега одржана е само една средба во текот на 2021-ва година со што статусот и состојбите во судската администрација остануваат на исто ниво. Од Здружението на судската администрација подвлекоа дека судскиот персонал е круцијален дел од судската власт кој е неразделив односно на истиот треба да се обрне повеќе внимание со цел за подобрување на актуелните состојби.

Еден од најголемите моментални предизвици во моментот претставува вакцинацијата на припадниците на судската служба. Бидејќи судовите работат непречено, а најчесто не постојат услови за заштита согласно мерките за заштита на населението (голем проток на странки, голем број вработени во иста просторија, непостоење можност за ротација на смени и сл.) потребно е да се земат во предвид вработените во судската служба кои би добиле приоритет при вакцинација за заштита од вирусот КОВИД-19.

На средбата беше даден кус осврт на меѓународните извештаи од ЕК и Стејт Департментот на САД во однос на актуелните состојби во судството.

Проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ е финансиран од страна на Секторот за Централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерството за финансии на РСМ, а кофинансиран од Британската амбасада во Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This