Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики

Центарот за правни истражувања и анализи за потребите на проектот ,,Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан” финански поддржан од Европската Унија објавува јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за јавни политики на тема Закон за заштита на природата – слабости, дополнувања и предизвици.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да ја најдете во прилог:

Повик-документ-за-ЈАВНИ-ПОЛИТИКИ

Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: [email protected] со назнака ,,Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан” – Документ за јавни политики. Рокот за аплицирање е до 16.04.2025 година до 16:30h.

Ana
Share
This