Јавен повик за тројца експерти за спроведување обука од областа на животната средина

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува повик за ангажирање на тројца експерти за одржување на еднодневна  „Напредна обука за спроведување на еколошка правда“, која ќе се одржи во јуни 2025 година, во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија.

🔍 Обуката ќе се реализира во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, со цел јакнење на капацитетите на клучните актери во правосудниот систем.

🔍 Се бараат:

  • Правен експерт за ЕУ и меѓународно право

  • Експерт за криминалистички истраги за еколошки криминал

  • Правен експерт за судска практика и казнена политика

Повеќе информации: Повик за 3 експерти за одржување на напредна обука за еколошка правда

🕒 Рок за пријавување: 29 мај 2025, до 16:30 часот
📩 Аплицирање на: [email protected]

Ana
Share
This