Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е пред значајна транзиција кон декарбонизација, во согласност со глобалните климатски предизвици и обврските од Парискиот договор. Овој процес бара усогласување на националните закони со европските регулативи, јакнење на институционалните капацитети и мобилизација на финансиски ресурси.
Документот „Постигнување на декарбонизација на енергетскиот сектор – правна, стратешка и институционална рамка“ нуди сеопфатен преглед на тековната состојба, правната и стратешката рамка, како и препораки за идни чекори.
Документот е изработен во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“ финансиран од Европската унија, а имплементиран во соработка со МЗМП и Фронт 21/42.
Прочитајте го целиот документ на следниов линк: Документ за јавни политики – декаборнизација