Јавен повик за ангажирање експерти во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“, финансиски поддржан од Македонскиот центар за меѓународна соработка преку програмата „ЦМ-ПГ-2“, објавува Јавен повик за ангажирање на двајца експерти.

Ангажираните експерти ќе работат на:

  • изработка на Извештај за проценка на потребите за воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството и

  • развој на родово сензитивна менторска програма со структуриран и практично ориентиран курикулум, усогласен со CEDAW, GREVIO и праксата на Европскиот суд за човекови права.

Проценката на потребите ќе се спроведе преку комбинирана квалитативна методологија, која вклучува фокус групи, интервјуа и институционални консултации со Академијата за судии и јавни обвинители. Наодите ќе послужат како основа за развој на одржлива менторска програма, која во понатамошната фаза на проектот ќе овозможи обука на тренери-ментори и поширока примена на родово сензитивниот пристап во судската и обвинителската пракса.

Детали за повикот: Јавен повик – експерти

Рок за пријавување: 05.02.2026 до 16:30 часот.

Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: [email protected] со назнака ,,Пријава за експертска позиција 1 или 2 – Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост”.

Ana
Share
This