Калкулатор

за спорови од мала вредност

Преку внесување на вредноста на спорот, овој калкулатор ќе ви помогне да направите проценка на трошоците за судски такси и адвокатски трошоци, како и просечниот број на рочишта и времетраење на постапката во споровите од мала вредност.

Со цел да добиете попрецизна пресметка на трошоците, внесете го и судот и правниот основ на спорот.

Калкулаторот на трошоци е дизајниран како информативен инструмент за граѓаните, и самото негово користење не претставува правен совет. Пресметките за овие трошоци се засноваат на добиените податоци од 25 основни судови во Македонија за периодот од 2015 до 2017 година за 27.002 спорови од мала вредност.

Калкулаторот е подготвен во рамки на проектот „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.