Четврта средба на Советодавната работна група

На 29-ти октомври 2020 година Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) заедно со Институтот за човекови права (ИЧП) ја оствари Четвртата средба на Советодавната работна група

Советодавната работна група ја сочинуваат граѓанските здруженија кои работат во областа на правосудството во рамки на проектот  ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството‘‘ финансиран од страна на ЕУ и Британската амбасада во Скопје.

На оваа средба се разгледуваа наодите од измените на законите предвидени во Стратегијата за реформа на правосудството 2017-2022, каде секое од здруженијата следи неколку закони и ги изложува актуелните промени. Конкретно, беа разгледани неколку закони т.е. Законот за судови, Закон за извршување на санкциите, Законот за парничната постапка, Законот за медијација како и Законот за управната постапка.

На овие средби секогаш се дискутира околу актуелни прашања кои се јавуваат во меѓупериодот на одржување на средбите. Така на оваа четврта средба учесниците разменија мислења околу можноста за Онлајн судења и дел од нив ги истакнаа своите ставови во однос на придобивките и последиците за одржувањето на рочишта на овој начин.

Присутни на состанокот беа  претставници од Центарот за управување со промени, Хелсиншки комитет за човекови права, Здружение за кривично право и криминологија, Коалиција сите за правично судење, МЗМП, Здружение на судската администрација и Институт за европска политика.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) како ко-апликант и Институтот за човекови права (ИЧП) како апликант, а поддржан е од страна на ЕУ и Британската амбасада во Скопје.

Gorica Nadjinska
Share
This