За Проектот
Центарот за правни истражувања и анализи започнувајќи од ноември 2019 година до април 2020 година ќе го спроведува проектот ,, Административна правда по европски стандарди”.
Општа цел на проект: Подобрување на системот на добро владеење во Република Северна Македонија преку обезбедување на ефективна административна правда заснована на европски стандарди
Специфични цели на проект:
– Овозможување на административната правда преку зголемување на ефективноста и транспарентноста на Управниот суд на РСМ
– Обезбедување на ефикасен, ефективен и економичен коректив на доброто владеење во РСМ
Активности предвидени во рамки на проектот:
– подготовка на Прирачник за судии за водење на јавна расправа во управен спор и изработка на курикулуми;
– креирање на Курукулум и спроведување на обука за водење јавна расправа во Академија за судии и јавни обвинители;
– изработка на Информативен постер со стадиумите во постапка по управен спор;
Очекувани резултати од спроведувањето на истиот се:
– Непречено одржување на јавни расправи во Управниот Суд преку користење на Прирачник за судии за водење на главна расправа по управен спор
– Зголемување на фокусот на Академијата за обука на управните судии, адвокатите, државните правобранители и претставниците на јавнте органи преку спроведување на обука за водење главна расправа во управен спор во програма на АСЈО
– Стекнување на теоретски и прктични знаења за управните судии, адвокатите, државните правобранители и претставниците на јавните органи преку спроведување на обука за водење јавна расправа за управните судии
– Зголемување на свеста и знаењето на граѓаните и правните лица за управните спорови во кои учествуваат преку информативен постер објавен во управните судови и јавните органи.
Проектот „Административна правда по европски стандарди“ е финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество Македонија.