Промоција на документот за јавни политики: Дали Ромите ги уживаат загарантираните права?

Центарот за правни истражувања и анализи и Здружението на правници Роми, го промовираа документот за јавни политики: Дали Ромите ги уживаат загарантираните права? – Потреба од воспоставување еднаквост во постапувањето на правосудните и полициските ор

Документот е подготвен од истражувачите Елена Георгиевска и Вера Мартиновска и е продукт на проектот „Еднакви пред судот – безбедни во животот“ кој има за цел да промовира еднаков и фер третман на ромската популација од администраторите на правдата, третирајќи ја дискриминацијата и анти-Gypsyism преку промоција на еднаквост во македонското општество. Проектот е имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Здружението на правници Роми од Скопје.

Докуменот ги анализира состојбите со правата на Ромите во предкривичната и судската постапка, лоцирајќи ги клучните проблеми во пристапот до правда на Ромите во македонското општество. Наодите од бројните извештаи поврзани со нееднаквоста на Ромите и дискриминацијата на Ромите,ја дефинираат положбата на Ромите  како исклучително загрижувачка, укажувајќи на фактот дека Ромите се на маргините на општеството. Политичката претставеност на Ромите во парламетот, во рамките на извршната власт, во рамките на локалните самоуправи иако навидум дава слика дека Ромите ги уживаат политичките права, сепак македонското општеството е недоволно инклузивно, недоволно толерантно и недоволно еднакво кога станува збор во остварувањето на основните човекови права на Ромите.

Gorica Nadjinska
Share
This