На 02 ноември во хотелот Мериот во Скопје, Центарот за правни истражувања и анализи ја промовираше анализата „Видливост на Уставниот суд на РМ при носење одлуки со посебен фокус кога одлучува за заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанино
Изработката на анализата е дел е проектот „Зголемена видливост на работата на Уставниот суд“ финансиран од Програмата на Цивика Мобилитас.
Во своето воведно обраќање, Оливер Митов модератор на настанот, истакна дека целта на анализата е добивање подобра слика за видливоста на Уставниот суд и активностите што се преземаат во согласност со Деловникот на Судот во врска со неговата јавност во работата, како и за обврската за одржување на јавните расправи пред Уставниот суд во постапки по поднесени барања за заштита на слободите и правата. Последователно координаторот на Проектот Мартин Сопронов подетално ги информираше присутните за текот на имплементацијата на прокетот како и за главните активности и цели, истакнуваки две главни цели: да се истражи и анализира работата на Уставниот суд особено во делот на одржување на јавни расправи по барањата за заштита на права и слободи на човекот и граѓанинот предвидени во член 110 алинеја 3 од Уставот на РМ и да се запознае пошироката јавност за можноста која ја имаат да поведат постапка за заштита на права и слободи пред Уставниот суд.
Анализата беше презнтирана од правниот истражувач Александра Цветановска, која ги вклучува податоците од годишните извештаи на Уставниот суд во однос на барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, сортирање на квантитативните податоци со број на одржани јавни расправи споредбено со постапувањето на Уставниот суд по предмети. За потребите на анализата, беа спроведени структурирани интервјуа со истакнати правни експерти, со цел да се добие одговор на прашањата и ставовите во однос на видливоста на Уставниот суд, механизмите за подобрување на истите поврзано со одржувањeто на јавните расправи. Одржувањето на jавни расправи како пракса, или пак исклучок, деловникот на Уставниот суд и параметрите при одлучувањето за одржувањето на јавни расправи во постапките по поднесени барања за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Со свои заклучоци и согледувања во креирањето на анализата придонесоа и Уставните судии, на тркалезната маса одржана на 02 октомври 2017 година по повод истражувањето за видливоста на работата на Уставниот суд, кое предходеше на анализата. Од излагањата на учесниците на настанот беа извлечени препораки за подобрување на работата на Судот.
По презентацијата беше отворена дисксија со коментари насочени кон текстот на анализата во насока на обласите кои таа ги допира и импактот кои би можела да го има во иднина за подобрување на работата на Судот во однос на видливоста, одржувањето на јавни расправи, а со тоа и зајакнување на правната сигурност.
Целосната анализа за видливоста на Уставниот суд при носење одлуки со посебен фокус кога одлучува за заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот можете да ја најдете на следниот линк.
(фото: akademik.mk)