Во рамките на проектот „Развивање на индикатори за мониторинг на перформансите на правосудството“ поддржан од Британската амбасада Скопје, Центарот за правни истражувања и анализи ја објави анализата „Мерење на напредокот на судските реформи – Клучни принципи, стандарди и практики во Македонија и 7 земји членки на ЕУ: Хрватска, Естонија, Франција, Унгарија, Литванија, Словенија и Обединетото Кралство“.
Главната цел на оваа компаративна анализа е да се обезбеди увид во судските реформи спроведени во одбрани замји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги традиционалните, како и поновите членки на ЕУ, и подобро да се разбере процесот на мерење на започнатите реформи во правосудството.