Анализата „Отвореност на судството во Република Северна Македонија“ е продукт изготвен во рамки на проектот „Зголемување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста во Северна Македонија“ финансирана од Британската амбасада Скопје.
Функционирањето на правосудниот сектор е значајно за секоја држава, односно за секој граѓанин поединечно. Оваа анализа е втемелена на претпоставката дека отвореноста и транспарентноста придонесуваат за сузбивање на корупцијата во судството и државата, подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, и зголемување на довербата во институциите, односно во правосудството. Прашањето кое се јавува во оваа прилика е како да се подобрат перформансите и целокупниот начин на работа на правосудниот систем? Документот дава преглед на два меѓусебно поврзани концепти: отвореност и транспарентноста.
Анализата е достапна на следниот линк: