Функционална анализа на капацитетите на управното судство во Република Македонија

Како дел од проектот „Подобрување на ефикасноста и ефективноста на административната правда во Република Македонија“, Центарот за правни истражувања и анализи изработи Функционална анализа на капацитетите на управното судство во државата.

Целта на оваа функционална анализа е да ја претстави моменталната слика за управното судство во Република Македонија и да даде препораки за нејзино подобрување. Имајќи го предвид фактот дека управната постапка е дел од животот на секој човек, анализата нуди преглед на историскиот развој на управното судство во Македонија како и на сите трендови, тенденции и предизвици при работењето во судските органи кои ја овозможуваат управно-судската заштита.

Анализата е достапна на следниот линк:

Ana
Share
This