Во рамки на програмата ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор” поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија, Центарот за правни истражувања и анализи има потреба од ангажирање правни експерти за анализирање на домашни и странски пресуди, во период од мај 2022 до јули 2023 година.
Платформата justice observers започнува со вториот циклус на анализа на домашни и странски пресуди преку ажурирање и објава на анализираните пресуди преку истоимениот веб сајт. Наведената платформа овозможува детално и сеопфатно анализирање на донесените домашни и странски пресуди, со акцентирање на добрите практики со цел нивно применување во иднина, но и детектирање на одредени аномалии во процесот на донесување на конкретни пресуди кои треба да послужат како ориентир за потребно подобрување при правораздавањето.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
- Најмалку 10 годишно практично искуство во областа на правосудството
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office
- Одлични способности за детално пишување и образложување
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите
- Посветеност кон организациските цели и целите на проектот
Правниот експерт ќе треба да ги извршува следниве задачи:
- Да анализира селектирани пресуди на домашни судови и пресуди на Европскиот суд за човекови права
- Учество на настани и промоции поврзани со платформата justice observers
- Активно вклучување на настаните поврзани со платформата justice observers
- Редовно известување и информирање за работата на проектниот тим
- Поддршка на проектниот тим при соработка со различни претставници од областа на правосудството
Заинтересираните кандидати е потребно да испратат кратка професионална биографија најдоцна до 25.05.2022 година (среда) во 16:30 часот, на следнава меил адреса: [email protected]