Отпочнување на Вториот циклус на веб порталот Justice Observers

На 25 мај, 2022 година, Центарот за правни истражувања и анализи го промовираше започнувањето  на вториот циклус на веб порталот Justice Observers, пред студентите од правниот факултет ,,Јустинијан Први”, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, студентите при ,,Универзитетот Гоце Делчев” и студентите од ,,Универзитетот на Југоисточна Европа”, со цел истакнување на круцијалните аспекти при анализата на домашните и странските пресуди, ставајќи акцент на добрите практики во процесот на правораздавање, како и придобивките од целокупниот циклус на анализата.

Програмскиот менаџер на ЦПИА, г-дин Никола Јовановски истакна задоволство и благодарност до сите присутни за отпочнувањето на вториот циклус на веб порталот Justice Observers, упатувајќи дека процесот на анализа на домашни и странски пресуди ќе овозможи сеопфатен увид во правното резонирање на домашните и странските судови.

Г-дин Александар Гоџо, адвокат и правен експерт во првиот циклус на порталот Justice Observers, наведе дека креирањето на истиот означува можност за анализа на домашните и странските пресуди, притоа давајќи генерален формално-материјален осврт за нив, по нивната извршност и правосилност, пристапувајќи на објективен и непристрасен начин.

Активноста е реализирана во рамки на програмата ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста во Македонскиот правосуден сектор”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, а имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи.

Во прилог е линкот од веб порталот Justice Observers:

https://justiceobservers.org/category/experts/62623/187

Gorica Nadjinska
Share
This