Годишно собрание на Здружението за правни истражувања и анализи “Центар за правни истражувања и анализи„

Врз основа на член 24 од Законот за здруженија и фондации (Сл. весник бр. 52/2010 и сл., весник бр.135 од 03.10.2011 ) и член 14 став 1 од Статутот на Здружението за правни истражувања и анализи ЦЕНТАР ЗА ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ, Извршниот одбор на Здружението свикува:


Годишно Собрание
на
 Здружението за правни истражувања и анализи

 „ЦЕНТАР ЗА ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ“

со следниот дневен ред:

  • Усвојување на предлог дневен ред;
    • Усвојување на Записникот од  последното одржано редовното годишно собрание на Здружението;
    • Разгледување и усвојување на извештај за работата на Извршниот одбор на Здружението;
    • Разгледување и усвојување на годишен наративен и финансиски извештај за работата на Здружението;
    • Усвојување на завршната сметка;

Се повикуваат сите членови на Здружението да земат учество на редовното годишно собрание кое ќе се одржи на 15.06.2022 год., во просторите на Здружение за правни истражувања и анализи ЦЕНТАР ЗА ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ Скопје со почеток во 12:00 часот.

Повикот за одржување на собранието ќе се објави на веб страницата на Здружението и со тоа ќе се смета дека сите членови на здружението се уредно повикани.

Одлуката за свикување на собранието  е донесена на ден 31.05.2022година  и веднаш стапува во сила.

Ana
Share
This