Развој и воведување Алатка за следење на перформансите во Јавнообвинителскиот систем во Северна Македонија

За Проектот

Од 1 септември 2022 година, Центарот за правни истражувања и анализи започна со имплементација на проектот „ Развој и воведување на алатка за следење на перформасите во Јавнообвинителскиот систем во Република Северна Македонија “

Овој проект е одговор на сериозните проблеми и предизвици со кои се соочуваат Јавно обвинителските институции во РСМ и секако потребата од нивно зајакнување. Предложениот проект ќе дизајнира и спроведе во пракса Алатка за следење на перформансите (ПМТ) и практики кои ќе ги поддржат реформските процеси базирани на докази, со цел да се промовира поефикасен и ефективен пристап до правдата за граѓаните и да се зајакне довербата на јавноста во овие институции.

Алатката преку стандардизиран пристап на собирање и обработка на податоци, ќе развие објективен мониторинг на работата на јавните обвинителства. Ќе овозможи мерење на перформансите на обвинителскиот систем, ќе ги идентификува неговите потреби и слабости и ќе поттикне креирање на поефикасни реформски мерки базирани на докази, а во согласност со меѓународно поставени стандарди.

Цели кои ќе се постигнат со овој проект:

1: Да се ​​усогласат практиките за собирање податоци, внесување, генерирање извештаи и анализа низ јавните обвинителства, така што сите информации ќе бидат подеднакво собрани и подготвени за анализа од страна на ПМТ;

2: Да се ​​развие и имплементира сеопфатна и доверлива алатка (ПМТ) за објективен мониторинг на работата на јавните обвинители дизајнирана да ги трансформира податоците во активна знаење;

3: Да се ​​доближи работата на Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители до пошироката јавност. Се очекува известувањето според индикаторите на ПМТ да придонесе за подобрување на ефикасноста на ЈО и позитивното мислење за јавното обвинителство во целина;

Период:
01/09/2022 - 10/03/2023
Статус:
Спроведено
Проектот е финансиран од Влада на Велика Британија.