Континуирана поддршка кон социјално прифаќање на концептот на намалување на штети и развој на регулаторна рамка

За Проектот

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) во соработка со еминентни експерти од областа на медицината, економијата и правото, вклучувајќи и експерти од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), го спроведе проектот “Континуирана поддршка кон социјално прифаќање на концептот на намалување на штети и развој на регулаторна рамка”. Проектот беше финансиски поддржан од страна на “Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп” (ФМТКП), при што ЦПИА имаше целосна научна независност во текот на истражувањето.

Целта на проектот е:

  1. Да се спроведе научно истражување за концептот за намалување на штети, со фокус на штетите поврзани со користење тутун и да се овозможат економски препораки со фокус на моделот на диверзификација на културите, иновативните модели на оданочување.
  2. Да се подигне свеста на стручната и општата јавност за наодите и препораките од истражувањето, вклучително и преку публикации, презентации и обуки на релевантната публика.

Како резултат на проектот беше подготвена научната студија “Правни, економски и медицински согледувања кон концептот за намалување штети од користење тутун”. Заклучоците и препораките на студија ги одразуваат мислењата исклучиво на авторите и не ги застапуваат ставовите на ЦПИА или ФМТКП.

Тутунопроизводството е од огромно значење за македонската економија, но јавното здравје е врвен приоритет. Токму поради тоа, ова истражување ги поврзува економските аспекти на тутунопроизводството со правната рамка за заштита на јавното здравје и здравствените аспекти. Ова значајно истражувањето овозможува пристап до компаративни позитивни практики и научни согледувања, со цел унапредување на јавни политики за намалување на штетноста од пушењето и се очекува да придонесе за подигање на свеста за проблемот со пушењето.

Проектот беше спроведен во периодот од 21.07.2022 до 31.01.2023 година.

Научната студија “Правни, економски и медицински согледувања кон концептот за намалување штети од користење тутун” може да биде преземена на следниот линк.

Овој проект претставува продолжување на истражувањата на концептот за намалување на штети од користење тутун спроведени во мултидисциплинарниот проект „Социјален пристап и прифаќање на намалување на штети преку наука и истражување“ спроведен од страна на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ во 2021-ва година.

Период:
21/07/2022 - 31/01/2023
Статус:
Спроведено
Проектот беше финансиски поддржан од страна на “Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп” (ФМТКП)