ОДРЖАНА ПОСЛЕДНАТА ОБУКА НА ТЕМА ,,УЛОГАТА И ПОТРЕБНИТЕ ВЕШТИНИ НА ТУТОРИТЕ НА НОВОИЗБРАНИ И УНАПРЕДЕНИ СУДИИ“ ВО СОРАБОТКА СО АСЈО

На 13 ноември 2023 година, Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, во рамки на проектот „Поддршка на квалитетот и отчетноста во македонскиот правосуден сектор“, ја одржа последната обука од серијата обуки за темата, „Улогата и потребните вештини на туторите на новоизбраните и унапредени судии“. Овој пат обуката беше наменета за слушателите од VII генерација во АСЈО со цел да се запознаат со концептот на туторство и можностите што ги нуди, обуката се одржа во просториите на АСЈО.

Обуката започна со кратка презентација, препораки и прашања од страна на судијата Ѓорѓи Андонов и адвокатот Александар Гоџо, двајцата како искусни експерти и адвокати во својата област. По излагањата на Андонов и Гојо, сега новоизбрани судии, завршени кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители се претставија и ги споделија своите први впечатоци и искуства како новоизбрани судии.

Како веќе обучен судија, свое излагање имаше судијата Ѓорги Андонов, претседател на Основниот суд во Штип, кој сподели дел од споредбените искуства и успешните искуства од Европа. По излагањето на судијата Андонов и кратка дискусија со присутните, судијката Габриела Гајдова од Основниот суд во Велес го презентираше самиот концепт на тутор, улогата што би ја имал туторот во развојот на новоизбраните и унапредени судии, и кои се потребните квалификации за да може искусен судија да стане тутор. Дополнително, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд во Скопје ја истакна разликата меѓу менторство и туторство и поволностите што може да ги понуди втората опција.

Обуката беше можност за веќе обучените судии да ги споделат своите искуства со своите помлади колеги, со цел тие да ги искористат знаењата и можностите што ќе ги понуди оваа програма.

Ana
Share
This