Премостување на родовите стереотипи во правосудството

За Проектот

„Премостување на родовите стереотипи во правосудството“ е проект имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи и финансиски поддржан од Британската амбасада, со времетраење од 1 април 2024 година до 31 март 2025 година. Целта на овој проект е да ги адресира родовите стереотипи во правосудниот систем во Северна Македонија и да промовира родова еднаквост. Преку соработка со клучните засегнати страни, вклучувајќи ги Судскиот совет, Врховниот суд, Уставниот суд, Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Вишиот управен суд, Академијата на судии и јавните обвинители, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Собранието: Комисија за еднакви можности на жените и мажите, и засегнати граѓански организации, проектот се обидува да поттикне праведен и правичен правен систем преку истражување, развој на политики и иницијативи за подигање на свеста.

Клучни компоненти и резултати:

  • Сеопфатна студија и акциски план: Спроведување систематски преглед и собирање квалитативни и квантитативни податоци со цел да се креира сеопфатна студија и акциски план за справување со родовите стереотипи во правосудството.
  • Кодекс на однесување и нацрт законски измени: Врз основа на студијата развиваме соодветен Кодекс на однесување и нацрт законски измени за промовирање на родовата еднаквост во правосудството.
  • Комуникациска стратегија: Зголемување на свеста преку спроведување комуникациска стратегија за да се нагласи важноста на родовата еднаквост во правосудниот систем.
Период:
01/04/2024 - 31/03/2025
Статус:
Во тек
Финансиран од Британската Амбасада во Скопје.

Публикации на проектот