Документ за јавни политики „Учеството и улогата на Министерството за внатрешни работи при заштитата на животната средина“

Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот ,,Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан” поддржан од Европската Унија, го промовираше документот за јавни политики на тема „Учеството и улогата на Министерството за внатрешни работи при заштитата на животната средина“.

Документот се однесува на конкретните мерки и активности кои Министерството за внатрешни работи ги презема со цел сузбивање на еколошкиот криминалитет во Република Северна Македонија, како и на можностите за подобрување на организациската поставеност. Во документот се презентирани содржини кои се однесуваат на законската рамка која ја предвидува надлежноста на министерството во рамки на постапување за откривање, докажување и разјаснување на еколошките кривични дела, како и странски искуства во делот на организациската поставеност.

Врз основа на заклучните согледувања креирани се препораки, чија примена се стреми во голема мера кон зајакнување на националните капацитети, што ќе резултира со поголема стапка на откривање на кривичните дела, како и нивно докажување и целосно разјаснување. Со применување на предложените измени во систематизацијата и работењето на министерството, може да се создадат услови за вршење на квалитетни криминалистички истраги од страна на криминалистичката полиција во делот на заштитата на животната средина.

Документот за јавни политики може да го превземете на следниот линк:

Учеството и улогата на Министерството за внатрешни работи при заштитата на животната средина

Ana
Share
This