ОДРЖАНA РАБОТИЛНИЦA НА ТЕМА “УЛОГАТА НА ПРАВОСУДСТВОТО И ЕФИКАСНОСТА НА СУДСКАТА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА ПРИВАТНОСТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ“

На 17ти октомври 2024 година, Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници одржаа тематска работилница на тема “Улогата на правосудството и ефикасноста на судската заштита на правото на приватност на социјалните мрежи“. Воведни обраќања имаа Бојана Божиновска Силјановска, Претседателка на Македонско здружение на млади правници и Милена Јосифовска, од Центар за правни истражувања и анализи.

На работилницата беа презентирани два документи за јавни политики на следните теми “Улогата на судството и јавното обвинителство во системот на заштита на личните податоци и правото на приватност“ – презентиран од Игор Кузевски и “Заштита на приватноста и личните податоци на социјалните мрежи и на интернет-страниците“ – презентиран од Aрбен Гудачи и Мартина Дранговска-Мартинова.

Цел на работилницата беше да се усогласат заклучоци и препораки за креирање на јавни политики кои ќе придонесат кон подобра заштита на правото на приватност како и обединување на правосудните институции, релевантните министерства, Агенција за заштита на лични податоци и граѓанските организации. По излагањата, следеше широка дебата која беше фокусирана на подобрување на јавните политики во однос на улогата на правосудството во ефикасна заштита на правото на приватност во дигиталниот простор, како и предизвиците во однос на најчестите повреди на правото на приватност на социјалните мрежи.

Во рамки на работилницата беа дадени конкретни препораки за унапредување на јавните политики за секоја од областите кои ќе послужат за формирање на финален документ за јавни политики.

Агенда на работилницата

Презентациите за документите за јавни политики може да ги најдете тука:

Улогата на судството и јавното обвинителство во системот на заштита на личните податоци и правото на приватност – Игор Кузевски

Заштита на приватноста и личните податоци на социјалните мрежи и на интернет-страниците – Aрбен Гудачи и Мартина Дранговска-Мартинова

Работилницата се спроведе во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот“ финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Ana
Share
This