Заштитата на приватноста на социјалните мрежи е предизвик со кој сите мора да се соочиме!
Овој документ за јавни политики дава увид во најчестите случаи на повреда на приватноста и злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи и интернет страниците и обезбедува насоки и препораки за нивна поефикасна заштита.
Дел од препораките во документот:
- Построги казни за злоупотреба на лични податоци и воведување на нови инкриминации за дигиталните прекршоци.
- Зголемување на свеста кај граѓаните, особено во регионите со недоволна правна заштита.
- Зајакнување на институциите преку континуирани обуки за судии и обвинители.
- Јакнење на институционалната соработка и примена на европските стандарди за дигитална заштита, со акцент на заштита на ранливите групи.
Повеќе детали во документот Заштита на приватноста и личните податоци на социјалните мрежи и на интернет-страниците
Документот за јавни политики е подготвен во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од ЦПИА и Македонско здружение на млади правници.