ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ ,, ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВОСУДСТВОТО И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ”

Во ера на подем на информатичките технологии една од најзначајните трансформации во современите правни системи претставува дигитализацијата на правосудството. Со дигитализацијата на правосудството  треба да се зголеми ефикасноста  и транспарентноста на правосудството но оттука доаѓа и предизвикот со заштитата на личните податоци.

Со оглед на самата важност на дигитализацијата на правосудството и заштитата на личните податоци изготвен е документ за јавни политики. Целта на овој документ за јавни политики е да обезбеди сеопфатен и стратешки пристап за решавање на клучните предизвици за Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци.

Преку овој документ, се настојува да се:

  • идентификуваат и анализираат главните проблеми кои бараат интервенција,
  • да се дефинираат приоритетите и да се предложат конкретни решенија кои ќе придонесат за унапредување на политиките за дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци.

Повеќе детали во документот Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци“

Документот за јавни политики е подготвен во рамки на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија , а имплементиран од ЦПИА и Македонско здружение на млади правници.

Ana
Share
This