ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ „КАКО ДО ЕФЕКТИВНИ ПРАВНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА (ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ)“

Развојот на новите технологии, дигитализацијата, масовната употреба на социјалните медиуми и употребата на вештачка интелигенција наметнуваат предизвици за заштитата на приватноста и личните податоци на граѓаните.

Овој документ за јавни политики е подготвен врз основа на четири сеопфатни анализи и има за цел да обезбеди насоки за креирање на јавни политики кои ќе овозможат баланс помеѓу ефикасното користење на новите технологии и заштитата на човековите права.

Анализите ги опфаќаат следните теми:

• Улогата на судството и јавното обвинителство во заштита на личните податоци и правото на приватност;
• Заштита на приватноста на социјалните мрежи и интернет-страниците;
• Дигитализација на правосудството и заштита на личните податоци;
• Користење на алгоритми и вештачка интелигенција (AI) во правосудството, со посебен осврт на заштитата на личните податоци и приватноста.

Документот ги сублимира заклучоците од анализите усогласени со ставовите и препораките на сите засегнати страни и креаторите на јавни политики. Инклузивниот процес овозможи вреден придонес од широк спектар на експерти, со што е обезбедена релевантност на препораките и нивна усогласеност со современите предизвици во заштитата на приватноста и личните податоци.

Документот за јавни политики може да го преземете на следниот линк: Како до ефективни правни механизми за заштита на приватноста во дигиталната ера

Ana
Share
This