Со особена чест го претставуваме курикулумот за напредна обука од областа на еколошката правда, изработен во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), како дел од проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена агенда за Западен Балкан,“ финансиски поддржан од Европската Унија.
Овој курикулум е резултат на темелна проценка на потребите за обука (Training Needs Assessment) и ги опфаќа сите клучни аспекти за зајакнување на капацитетите на судиите, јавните обвинители и инспекторите за справување со еколошките прекршоци и кривични дела.
📚 Што содржи курикулумот?
✅ Преглед на домашната и европската легислатива за заштита на животната средина
✅ Анализа на предизвиците во откривањето и гонењето на сторителите
✅Анализа на судската практика и казнената политика
✅ Судска практика од Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата
✅ „Зелена виктимологија“ и заштита на жртвите на еколошки криминал
✅ Модерни техники и методологии за инспекциски надзор
🛠️ Цел: Обезбедување континуирана едукација и подготовка на правосудните органи за заштита на животната средина, усогласена со европските стандарди и директиви.
Оваа напредна обука е важен чекор кон создавање ефикасно правосудство кое активно ќе придонесува за одржлив развој и подобра иднина за животната средина во Република Северна Македонија.
Линк за пристап дo: КУРИКУЛУМ ЗА НАПРЕДНА ОБУКА ОД ОБЛАСТА НА ЕКОЛОШКАТА ПРАВДА