На 13 декември, 2024 година, Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, спроведоа обука за заштита на лични податоци и право на приватност за претставници од судството, јавното обвинителство и Министерство за внатрешни работи.
Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на судиите, јавните обвинители како и офицерите за заштита на лични податоци во рамки на правосудство и Министерство за внатрешни работи за ефикасно справување со предизвиците поврзани со заштитата на лични податоци и правото на приватност, особено при примена на Законот за заштита на личните податоци.
Во рамки на обуката беа опфатени следните теми:
- Правна рамка за заштита на лични податоци;
- Обврски на судовите и јавните обвинителства;
- Обврски на офицерите за заштита на лични податоци;
- Видео надзор;
- Безбедност на обработката на личните податоци.
Обуката беше испорачана од експертите за заштита на лични податоци, Игор Кузевски и Мануела Станоевска – Стоилковска, при што вкупниот број на учесници изнесуваше 51 лице.
Обуката е дел од проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската Унија, a имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници.