Заштитата на животната средина во Република Северна Македонија низ годините претрпе значителен развој. Од маргинализирана тема, поврзана со урбанизмот и градежништвото, до денешната состојба каде што законите и институциите ја третираат како приоритет.
Сепак, бројките покажуваат сериозни предизвици. Во последната деценија, официјално се пријавени 1807 кривични дела против животната средина и природата, што значи дека на секои два дена се регистрира по едно вакво дело. И покрај ова, голем дел од овие дела остануваат непријавени, поради ниската јавна свест и недостатокот на директна штета за поединците.
Што опфаќа анализата:
✔ Еволуцијата на заштитата на животната средина – Од периферна тема до примарна цел на Министерството за животна средина и просторно планирање.
✔ Корпусот на законите – Нивната примена, распределба на надлежности и области за подобрување.
✔ Улогата на институциите – Министерството, Државниот инспекторат, единиците на локалната самоуправа и нивната меѓусебна соработка.
✔ Предлози за подобрување – Зајакнување на законските и институционалните рамки за спречување на еколошкиот криминал.
Линк за пристап до анализата: ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАМКА НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Подготвено во рамките на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“ финансиран од Европската унија, а имплементиран во соработка со МЗМП и Фронт 21/42.