ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВА ПРАВНИ ЕКСПЕРТА ЗА ПОДГОТОВКА НА ДВА ДОКУМЕНТА ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ

За потребите на проектот „Зајакнување на регионалната судска соработка во Западен Балкан за ефективни судски спорови пред Европскиот суд на правда и имплементација на Повелбата за фундаментални права на Европската Унија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, ЦПИА има потреба од ангажирање 2 (два) правни експерта во период од јануари 2025 до април 2025 година за подготовка на два документа за јавни политики под наслов:

  1. „Упатства за судски спор пред Европскиот суд на правда за новите земји членки на Европската Унија“, со осврт на Република Северна Македонија,
  2. „Предизвици за новите земјите членки при примена на Повелбата за основни права на Европската Унија“, со осврт на Република Северна Македонија.

Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:

  • Темелно познавање на правото на ЕУ и Повелбата за основните права на ЕУ како и практиката на Европскиот суд на правда,
  • Експертиза во области како право на ЕУ, човекови права, уставно право и јуриспруденција,
  • Најмалку 10 годишно практично искуство во областа на правосудството,
  • Одлично познавање на англиски јазик или еден од јазиците на Европската Унија,
  • Истражувачки и аналитички вештини,
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите,
  • Посветеност кон организациските цели и целите на проектот.

Правните експерти заеднички ќе работат на следните конкретни задачи:

  1. Подготовка на документ за јавни политики „Упатства за судски спор пред Европскиот суд на правда за новите земји членки на Европската Унија“, со осврт на Република Северна Македонија:
  • Преглед на постојната судска практика и преседани на Европскиот суд на правда поврзани со новите земји-членки на ЕУ.
  • Анализа на предизвици и правни проблеми специфични за домашната држава.
  • Анализа на тековни упатства, процедури и најдобри практики за судски спор пред Европскиот суд на правда.
  • Истражување на правните системи и судските процедури на новите земји-членки за да се идентификуваат областите на усогласување и разликите со процесите на Европскиот суд на правда.
  • Идентификација и решавање конкретни прашања.
  • Предлог подобрувања на судските процедури и административните практики за подобри судски спорови пред Европски суд на правда.
  1. Подготовка на документ за јавни политики „Предизвици за новите земјите членки при примена на Повелбата за основни права на Европската Унија“, со осврт на Република Северна Македонија:
  • Преглед на предизвиците со кои се соочуваат новите земји-членки при примената на Повелбата за основни права на ЕУ.
  • Анализа на релевантната судска пракса и извештаи.
  • Идентификација на клучните предизвици и цели на документот кој се фокусира на правни, процедурални и политички бариери.
  • Предлог измени на постоечките закони, правни акти и судски правила за подобро усогласување со Повелбата на основните права на ЕУ.

Документите за јавни политики треба да содржат максимум 30 страни по документ и да бидат напишани на македонски јазик.

Заинтересираните кандидати потребно e да испратат кратка професионална биографија најдоцна до 25.01.2025 година, на следната меил адреса: [email protected].

Огласот е достапен на следниот линк:

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВА ПРАВНИ ЕКСПЕРТА

Ana
Share
This