Во последните години, прашањето за животната средина станува сѐ поактуелно, особено во однос на загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот и недостатокот на транспарентност во донесувањето одлуки за проекти кои имаат значително влијание врз животната средина.
Чистата животна средина е основно човеково право кое секој поединец треба да го ужива, независно од социјалниот статус, економските околности или локацијата. Особеноста на ова право е неговата нераскинлива врска со обврската за заштита на животната средина, која важи за сите, поединци, институции, економски и социјални субјекти. Се доаѓа до заклучок дека, обезбедувањето на здрава животна средина не само што го штити поединецот, туку придонесува за одржлив развој и колективна благосостојба.
Правото на здрава животна средина, вклучително и правото на чист амбиентен воздух, е загарантирано во националната и меѓународната правна рамка. Ова право е утврдено пред сѐ со Уставот на Република Северна Македонија и релевантните закони со кои се регулира областа на животната средина и обезбедува заштита на граѓаните преку механизмите предвидени во рамките на судството.
Линк за пристап до анализата: АНАЛИЗА ЗА ЗАШТИТА НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО РСМ И ПРИМЕНАТА НА ОЦЕНКАТА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Подготвено во рамките на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија, а имплементиран во соработка со МЗМП и Фронт 21/42.