ОДРЖАНА СРЕДБА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА

На 03.03.2025г. во просториите на Македонската Академија за науките и уметностите, беше одржана средба на Платформата за еколошка правда, каде присуствуваа претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, ЕКО-СВЕСТ, Министерството за внатрешни работи, Милеуконтакт, Македонското здружение на млади правници, МАНУ, ДИЖС, Министерството за правда, Академијата за судии и јавни обвинители, МЖСПП, Факултет за безбедност при УКЛО и Општина Гази Баба. Дополнително, во соработка со ЕКО-СВЕСТ на средбата присуствуваше и г-дин Богољуб Стеријовски, експерт биолог.

Состанокот беше отворен од страна на Претседателот на Платформата, Никола Јовановски од Центарот за правни истражувања и анализи, кој го претстави прашањето за пристапување на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања кон Платформата за еколошка правда, за кој едногласно се изгласа.

Во продолжение г-дин Богољуб Стеријовски, експерт биолог, ја отвори темата која го опфаќа новиот Закон за заштита на природата и во однос на тоа прашање, што останува понатаму. Тој истакна дека овој закон треба да биде дел од нашето законодавство и треба да признава appropriate assessment, кој дополнително треба да се аплицира. Во таа смисла, додаде дека постои недостаток на постапка за заштита на преодните подрачја кои немаат заштита според националната легислатива. Истовремено, со Зелената агенда целта е вршење притисок кон нашата земја со цел приближување до оние држави кои ги имаат решено овие прашања, вклучувајќи ја и заштита на ретки и приоритетни живеалишта кои мора да бидат индетификувани. Посочи дека нашата земја има биодиверзитетски вредности, но тоа налага да постојат назнаки во новиот Закон за природа и да стане основа врз која ќе може да се делува во идниот период за да може да се исполнат целите за севкупна заштита на природата. При непостоечки регулативи кои треба да се однесуваат на обновливите извори на енергија се дозволува ситуацијата да се влоши, а тоа е спротивно со заштитата на нашето природно наследство.

Беше нагласено дека еколошката правда и екологијата се на прво место, но сѐ уште се на маргините. Тие мора да се стават на приоритетно место паралелно со работите што се одвиваат во институциите.

Во вториот дел од средбата, Бојан Трпевски од МЗМП го истакна граѓанското учество во Еколошката правда и го истакна значењето на задолжителното спроведување на оцена за влијание врз животната средина. На неговото излагање се надоврза Александра Сачкарска, од Милеуконтанкт, која нагласи од ДИЖС за кои аспекти е одобрен елаборат, а за кои се чека повратен одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа понатаму нагласи дека автопатите иако се градат на терен, целиот тој процес поминува без внимание на животната средина што тоа не смее да се случува туку, има потреба од спроведување на тоа што е законска обврска, а тоа е оцена на влијание врз животната средина. Квалитетот на животната средина и здравјето на луѓето е уставно право и треба да биде овозможено на сите. Во тој поглед, учеството на јавноста не е доволна. Таа предложи изработка на студија која ќе биде достапна за јавноста да има коментари во рок од 30 дена и во тој случај, МЖСПП ќе даде решение за согласност, соодветност или одбивање на студијата.

На крајот, Академикот Владо Камбовски посочи дека студиите на влијание треба реално да ја отсликуваат сликата за реализирани проекти, каде подоцна МВР ќе ги користи при раководење со работата од типот на еколошки криминал. Законот за природата треба јасно да ги определи компетенциите и на државата и на граѓаните и при нивно неостварување да биде предвидена определена санкција.

Ana
Share
This