
ЦПИА преку своите претставници учествуваше на Петтата седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024–2026, која се одржа денес, на 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, нагласи дека отвореното владеење е клучен дел од европската интеграција и основа за изградба на доверба меѓу институциите и граѓаните.
Особено значајно беше присуството на претставници од Меѓународниот секретаријат на Партнерството за отворена власт (OGP), што претставува јасен сигнал за довербата што Република Македонија ја ужива во рамки на оваа глобална иницијатива. Нивната поддршка и ангажираност се од суштинско значење за унапредување на реформите и за натамошно отворање на институциите кон јавноста.
На седницата беа разгледани клучните аспекти од имплементацијата на Акцискиот план 2024–2026, вклучително и мерките за подобрување на јавната администрација, транспарентноста во јавните набавки, јакнењето на граѓанскиот простор и борбата против корупцијата.