
По повод светскиот ден на детето, на 20 ноември 2024 година кај фонтаната „Лотус“ во Градски парк во Скопје, младиот уметник Ozbek Ayvaz со неговата прониклива инсталација ни испраќа моќна порака за важноста на детската приватност во дигиталната ера.
Герила акцијата ги повикува родителите и сите лица кои се грижат за добросостојбата на децата на одговорно однесување за заштита на децата онлајн. Приватноста на децата е наша заедничка одговорност!
Повеќе за темата, можете да најдете на следниот линк.


Оваа активност е дел од проектот на Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници – „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот“, финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.