
За потребите на проектот „Зајакнување на регионалната судска соработка во Западен Балкан за ефективни судски спорови пред Европскиот суд на правда и имплементација на Повелбата за фундаментални права на Европската Унија“ поддржан од Владата на Кралството Холандија, ЦПИА има потреба од ангажирање 2 (два) правни експерта во период од јули до септември 2025 година за подготовка на:
- Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за судски постапки пред Европскиот суд на правда;
- Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за примена на Повелбата за основните права на Европската Унија.
Заинтересираните кандидати потребно е да имаат:
- Темелно познавање на правото на ЕУ и Повелбата за основните права на ЕУ како и практиката на Европскиот суд на правда,
- Експертиза во области како право на ЕУ, човекови права, уставно право и јуриспруденција,
- Најмалку 10 годишно практично искуство во областа на правосудството,
- Одлично познавање на англиски јазик или еден од јазиците на Европската Унија,
- Истражувачки и аналитички вештини,
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите,
- Посветеност кон организациските цели и целите на проектот.
Правниот експерт ќе работи на една од следните задачи:
- Изработка на Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за судски постапки пред Европскиот суд на правда, со осврт на:
- Улогата на Академијата за судии и јавни обвинители и кои се нејзините клучни активности на национално ниво;
- Преземени или планирани активности со цел постигнување на целите на Академијата;
- Посакувани резултати од обуките и програмите, особено во делот на постапките пред Европскиот суд на правда.
- Изработка на Извештај за проценка за потребите на обука (ТНА) и Акционен план за обуки за примена на Повелбата за основните права на Европската Унија, со осврт на:
- Улогата на Академијата за судии и јавни обвинители и кои се нејзините клучни активности на национално ниво;
- Преземени или планирани активности со цел постигнување на целите на Академијата;
- Посакувани резултати од обуките и програмите, особено во делот на спроведување на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ.
Извештаите за проценка за потребите на обука и Акционите планови треба да содржат максимум 15 страни по документ и да бидат напишани на македонски јазик.
Заинтересираните кандидати потребно e да испратат кратка професионална биографија најдоцна до 10.07.2025 година, со јасна назнака за огласот на кој се пријавуваат, на следната меил адреса: [email protected] .
Огласите се достапни на следните линкови: