
Според нашето истражување „Анализата на родови аспекти во правосудството“ етничките заедници се недоволно застапени на раководните позиции во Академијата за судии и јавни обвинители, како и во редовите на јавни обвинители и судии-поротници. Инфографикот ги прикажува клучните статистики кои ја потврдуваат оваа состојба и ја нагласуваат потребата од итни промени.
Речиси 40% од правосудните службеници доживеале некаква форма на насилство поврзано со работата. Жените почесто се мета на закани и вербални напади, додека судиите поротнички се меѓу најранливите.
Бременост и мајчинство – невидливата бариера за кариерен напредок во правосудството! Нашата анализа открива дека бременоста и мајчинството значително влијаат врз професионалниот напредок на жените во правосудниот систем.
Клучен наод бр. 4 (видео)
Жените на раководни позиции во правосудството – каде сме сега и што треба да се промени? Иако бројот на жени судии е висок, тие сè уште се соочуваат со пречки при напредувањето на раководни позиции. Недостатокот од менторска поддршка, институционалните бариери и родовите стереотипи го забавуваат нивниот професионален развој.
Целосниот извештај може да го преземете на следниот линк: https://bit.ly/4gyrFTm
Анализата е подготвена во рамките на проектот „Премостување на родовите стереотипи во правосудството“ финансиски поддржан од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје. Изразените ставови и мислења на авторите нужно не ги одразува ставовите на Владата на Обединетото Кралство.