
Денес потпишавме Меморандум за соработка со Судско-медиумскиот совет, во рамките на проектот „Премостување на родовите стереотипи во правосудството“.
Една од највлијателните алатки во борбата за родова еднаквост е токму свесноста за родово-сензитивно медиумско известување. Како резултат на оваа соработка, заеднички ќе работиме на зајакнување на капацитетите на членовите на Судско медиумскиот совет во однос на родово-сензитивно медиумско известување во правосудството, со цел да се спречи говорот на омраза насочен кон судијките и обвинителките.
Оваа соработка е од огромно значење и за што пошироко споделување на наодите од Студијата за состојбата со родова еднаквост во правосудство која е во изработка.
Проектот „Премостување на родовите стереотипи во правосудството“ финансиски е подржан од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје.
Повеќе информации за проектот: https://bit.ly/3BdWUDM
Селективна правда е неправда: Родова еднаквост во правосудството!