
Денес се одржа промоција на „Анализата на родови аспекти во правосудството“, изработена во рамки на проектот „Премостување на родови стереотипи во правосудството“ финансиски поддржан од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада во Скопје.
Оваа анализа претставува значаен чекор во напорите за унапредување на родовата еднаквост во правосудниот систем.
Анализата мапира услови за влез и развој на жените во правосудството, детектира родови стереотипи и дискриминација, и нуди препораки за унапредување на родовата еднаквост.
Целта е подигање на свеста и поттикнување проактивни промени за поинклузивен правен систем.
Покрај експертите, на настанот присуствуваа и претставници од правосудните институции, граѓанскиот сектор, адвокати и експерти.
Повеќе детали за анализата, заклучоците и препораките се достапни на следниот линк: https://shorturl.at/f8s1f