Родова нееднаквост во правосудството – видео

Иако сè повеќе жени студираат право, нивните кариери во правосудството се исполнети со бројни бариери. Нашата Анализа на родовите аспекти во правосудството во Северна Македонија покажа дека клучните позиции во правосудството им припаѓаат на мажите.

Погледнето го видеото изработено од Види Вака каде нашата експертка Неда Чаловска ги претставува најважните наоди од анализата, додека членката на Судскиот Совет, Весна Дамева, ги споделува предизвиците со кои таа се соочила во текот на нејзината кариера во правосудството.

Видеото може да го погледнете на следниот линк.

Ова видео е подготвено во рамки на проектот „Премостување на родовите стереотипи во правосудството“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

 

Ana
Share
This