
Претставници на Центарот за правни истражувања и анализи присуствуваа на средбата што се одржа на 3 септември 2025 година во Врховниот суд на Република Северна Македонија со високи претставници на меѓународната иницијатива Партнерство за отворена власт (ПОВ).
На средбата учествуваа Претседателот на Врховниот суд, г. Африм Фидани, г. Аидан Ејакуза – извршен директор на ПОВ, г-ѓа Сандра Пернар – виш регионален координатор за Европа, како и г-ѓа Гордана Гапиќ Димитровска – национален координатор од Министерството за јавна администрација. На средбата присуствуваа и Жарко Хаџи Зафиров – Ко-претседател на Советот за отворено судство и Никола Јовановски претставник од ЦПИА.
Во рамки на состанокот, беа презентирани досегашните активности на Советот за отворено судство, кој по своето конституирање и потпишувањето на Декларацијата за отворено судство ја вклучи нашата земја меѓу првите што го интегрираа концептот на отворено владеење и во судската власт. Разговорите беа насочени кон исполнувањето на заложбите од Акцискиот план за отворено судство 2024–2026, кој е подготвен во инклузивен процес со учество и на судски институции и на граѓанскиот сектор, како и кон обезбедување финансиска поддршка за неговата имплементација.
Присуството на ЦПИА на оваа средба ја потврдува континуираната заложба на организацијата да придонесува во процесите на јакнење на владеењето на правото, унапредување на транспарентноста и отчетноста на судската власт и поддршка на демократските принципи кои се во сржта на Партнерството за отворена власт.

_cuva