
Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, објавува повик за ангажирање на експерт кој ќе изработи Документ за јавни политики за справување со шумски и други пожари во Република Северна Македонија – правна, стратешка и институционална рамка.
Цел на повикот:
Документот ќе обезбеди сеопфатен преглед на актуелната состојба, законските и институционалните рамки, како и компаративни искуства од регионот и пошироко. Целта е да се развијат препораки и стратешки мерки за унапредување на системот за превенција, рано предупредување и справување со пожари.
Експеротот ќе ги спроведе следниве специфични задачи:
- Анализа на актуелната правна рамка и институционалните механизми за превенција и справување со шумски и други пожари;
- Компаративни искуства во справувањето со шумски пожари во Западен Балкан и пошироко;
- Развој на стратешки препораки и политики за подобрување на координацијата и ефикасноста на надлежните институции;
- Идентификација на институционални и регулаторни препреки и можности за унапредување на системот за справување со пожари;
- Анализа на финансиските последици по државниот буџет во изминативе неколку години предизвикани од шумски и други пожари
- Сумирање на заклучоци и препораки;
Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата биографија (CV) во електронска верзија на следната е-пошта: [email protected]
Рок за аплицирање: 10.10.2025 година, до 16:30 часот.
ПОВЕЌЕ ЗА ПОВИКОТ НА: ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ 4