На 26.12.2025г. во просториите на Македонската Академија за науките и уметностите (МАНУ), беше одржана средба на Платформата за еколошка правда, каде присуствуваа претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонско еколошко друштво, Министерството за внатрешни работи, Македонското здружение на млади правници, МАНУ, ДИЖС, Институт за социолошки, политички и правни истражувања, Министерството за правда, ОЈО ГОКК, и Академијата за судии и јавни обвинители.
Во фокусот на дискусијата беа кривичните дела против животната средина, кои детално беа презентирани од страна на правниот експерт Ивана Петковска.

Посебен акцент беше ставен на активностите реализирани во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“, поддржан од Европската Унија, како и на идентификуваните предизвици за унапредување на еколошката правда во текот на 2025 година.
Состанокот заокружи со конструктивна дебата во која беа дефинирани стратешките насоки и предлози за 2026 година, со цел долгорочно зајакнување на капацитетите за заштита на природата и поефикасно спроведување на законските регулативи во оваа област.
