Документ за јавни политики за справување со шумски и други пожари во Република Северна Македонија – правна, стратешка и институционална рамка

Зачестеноста и интензитетот на шумските и другите пожари во Република Северна Македонија претставуваат сериозна закана за животната средина, економијата и безбедноста на заедниците. Климатските промени, непланската урбанизација и недоволната превенција дополнително го зголемуваат ризикот и потребата од системски и долгорочен пристап.

Овој документ за јавни политики ја анализира состојбата со управувањето со ризикот од пожари, идентификувајќи клучни стратешки, институционални, финансиски и оперативни празнини. Анализата укажува дека постојниот пристап е претежно реактивен, со ограничен фокус на превенција, рано предупредување и подготвеност, како и фрагментирана правна и институционална рамка.

Документот нуди сет на приоритетни препораки за унапредување на превенцијата, зајакнување на институционалната координација, подобрување на финансирањето и користење на современи технологии, вклучително и ИКТ системи, сателитски податоци и алатки базирани на вештачка интелигенција. Воедно, се разгледуваат три можни развојни патеки – Статус кво, Системска реформа и Трансформација 2.0 – како основа за градење поефикасен, поодржлив и поотпорен систем за справување со шумските и другите пожари.

Линк за пристап до документот: Справување-со-шумски-и-други-пожари-во-Република-Северна-Македонија

Подготвено во рамките на проектот „Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан“ финансиран од Европската унија, а имплементиран во соработка со МЗМП и Фронт 21/42.

Ana
Share
This