Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина

За Проектот

Активното граѓанско учество и пристапот до правда претставуваат клучни предуслови за обезбедување и заштита на здрава животна средина. Иако постојната законска рамка предвидува механизми за вклученост на јавноста во процесите на донесување одлуки, пристап до информации и правна заштита, овие можности сè уште не се целосно искористени поради недоволната информираност, ограничените капацитети на граѓаните и недостигот од соодветна практична поддршка во практиката.

Во насока на надминување на овие предизвици, главната цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓаните преку поттикнување на јавната партиципација во процесите на донесување одлуки и поефикасна примена на правните механизми за заштита на животната средина. Преку зајакнување на капацитетите на локалните заедници, обезбедување практична поддршка и унапредување на институционалната отчетност, проектот се стреми кон подобра заштита на животната средина и доследно спроведување на законодавството во оваа област.

Специфични цели на проектот:

  • Да се зајакнат капацитетите на граѓаните и локалните заедници за активно учество во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина.
  • Да се подобри пристапот до правни механизми и да се обезбеди поддршка за граѓаните при заштитата на нивните права во областа на животната средина.
  • Да се поттикне поголема отчетност на институциите преку мониторинг, застапување засновано на докази и стратешки судски постапки во случаи на непочитување на законите за животната средина.

Проектот е спроведуван од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), а поддржан од Expertise France.

Период:
02/01/2026 - 30/11/2026
Статус:
Во тек