На ден 26.06.2024 во Скопје се одржа петтата сесија од работната група пет, за поглавјето 27 за животна средина, на тема „Придвижување на националното законодавство кон европските напори за еколошка правда“.
На сесијата се поставија голем број прашања со фокус на правната и институционалната структура како основен предуслов за превенција и борба против загрозувањето на животната средина.
Извештаите на Европската комисија за земјава, години наназад бележеа неколку неефикасни области и неусогласеност со Директивите на ЕУ за еколошки криминал. Се уште процесот на усогласување на овие закони е во тек и имплементацијата на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот е слаба, бидејќи нема доволни административни и финансиски ресурси.Во Македонија, законската рамка за превенција и унапредување на здрава животна средина е несоодветна, застарена и затоа се појави потреба од надополнување и предвидување на нови кривични дела кои досега не беа опфатени со Кривичниот законик.Во однос на казнената политика, познавачите велат дека најголемиот број на пресуди изречени во изминативе години кај нас се условни санкции и потребно е да ги замениме со ефективни казни затвор или административни санкции.
„Една од најголемите промени е измената на кривичниот законик која што беше направена во 2023 година. Од препораките и заклучоците кои треба да произлезат од оваа средба, едно од најбитните прашања е секако делот во Министерството за внатрешни работи кој што треба да биде задолжен со прашања од животната средина. За жал од 2009 година го нема тоа одделение, се надеваме дека со формирањето на новата влада приоритет ќе биде токму формирањето на тоа одделение. Во рамките на Академијата на судии и јавни обвинители направен е куриклум за еколошка правда, меѓутоа сметаме дека не се доволен број на обуки кои се одржуваат на оваа тема“, рече Никола Јовановски од центарот за правни истражувања и анализи.
На средбата присуствуваше и Норберт Курила, советник на претседателот на Словачка за животна средина, енергија, климатски промени и бизнис клима го сподели искуството од неговата земја и рече дека таму институциите пред се полицијата и Министерството за внатрешни работи постои посебна специјална единица од околу 200 инспектори и таа води грижа за овие прашања.
„Поседуваме знаење кое може да се искористи во Македонија, за еколошкиот криминал го направиме поефективен. Имаме неколку институции што се грижат за овие прашања, особено полицијата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за животна средина. Како за пример, само една бројка, од 3000 случаи за кои се известени полицијата или локалните власти, околу 6% од нив се третирани или се расчистени. Имаме специјални единици за животна средина, кои се дел од полицијата, на почетокот беше мала единица, но сега со националната централа и регионалните канцеларии, има околу 200. Секако еднаш кога ќе ги посавите правилата има и казни, но исто така има и превенции“ рече Норберт Курила, советник на претседателот на Словачка за животна средина.