Подобрување на испораката на правдата во Република Северна Македонија

About the Project

Започна имплементацијата на проектот „Подобрување на испораката на правдата во Република Северна Македонија“.

Во периодот од јуни 2019 до март 2020, Центарот за правни истражувања и анализи и ревизорската куќа PriceWaterhouse Cooper- PWC Mакедонија го спроведуваат проектот “Зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведување на правдата во Република Северна Македонија преку подобрување на перформансите на правосудните институции”  (Скратено име: Подобрување на испораката на правдата во Република Северна Македонија).

Проектот е одговор на потребите и предизвиците во Република Северна Македонија за зајакнување на правосудните институции. Проектот ќе воведе алатки и процеси кои ќе промовираат полесен пристап до правдата за граѓаните и ќе ја зајакнат довербата во јавните институции. Ова се предуслови за пристапување на земјата кон ЕУ како главен стратешки приоритет на Република Северна Македонија.

Целта на проектот е да се овозможи поддршка за реформи на правосудството и да се подобри ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на правниот сектор преку зајакнување на капацитетите на повисоките судови и јавното обвинителство. Целта ќе се постигне преку исполнување на следните резултати:

·  Резултат 1: Подобрена организациска, административна, и техничка ефикасност и ефективност на управувањето врз основа на подготовка функционални анализи и планови за подобрување како и врз основа на Извештајот од матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството

·  Резултат 2: Подобрени практики за управување, организациска поставеност, буџетирање и човечки ресурси на јавните обвинителства врз основа на функционалните анализи и планови за подобрување како и Извештајот од матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите во правосудството

·  Резултат 3: Зајакнување на свеста за придобивките од реформите и зајакната доверба и почит на јавноста кон правосудството и јавното правобранителство, преку подобрена внатрешна и надворешна комуникација и видливост на придобивките и достигнувањата на проектот.

Засегнати страни од проектот: Министерство за правда, Врховен суд, Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Штип, Апелационен суд Битола, Апелационен суд Гостивар, Јавно обвинителство, Судски совет и Судски буџетски совет.

Период:
01/06/2019 - 01/03/2020
Статус:
Спроведено